Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, Дарија Андовска, јавно му се обрати на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој глумеше даскал пред табла за да објасни колку безопасно било отворањето на Уставот заради впишување и на Бугарите, со што би почнале преговорите со Европската унија.
„#ОнаКога го гледаш Османи на табла со смешни цртежи (се потрудил), а го слушаш Радев и новиот им добрососедски премиер како, на тазе востановената пракса за прослава на Илиденското востание, кажуваат дека е бугарско.
Истовремено, ти ѕвони во глава и скандирањето од стадион и во добрососедскиот парламент (‘И порано, и сега Македонија е бугарска’) и сите испади на територијални претензии (ич да не ги споменувам другите аспирации), како и одговорот на српскиот министер за надворешни работи ‘Ако нема Срби во Бугарија, нема Бугари во Србија’.
Не да црта Османи, туку да си пише на таблата: ‘Ако нема Македонци во Бугарија, нема Бугари во Македонија’.
*и за домашно, во тетратка, 100 пати истото.
На сите јазици“, коментира Андовска на Фејсбук.






