Дарија Андовска, професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со коментар за неуспешната мисија на премиерот Зоран Заев во Брисел, каде што уште еднаш му беше нагласено дека нема старт на преговори со Европската унија без согласност и од Бугарија.
„И сега знаеме дека нема ЕУ, наспроти сите шарени лаги кои ги голтавте ко мисирки.
Отстапката со вековното име Македонија не е ништо помала од она што се бара со ‘добрососедскиот’ договор, особено поради импликациите кои ги носи договорот.
Крајно време е да се поништат двата понижувачки договори.
Крајно време е да се срушат сите дивоградби (и физички и метафорички).
Крајно време е да се исчистат сите гниди и паразити и да се почне одново.
Тоа е минимум што можеме да направиме за 30 години (не)независност и (не)самостојност на татковината Македонија.
Во спротивно, не ја заслужуваме и затоа ќе ја изгубиме“, реагира на Фејсбук уметничката директорка на Фестивалот „Денови на македонската музика“.






