Професорката од ФМУ Дарија Андовска со луциден коментар околу однесувањето на ДУИ која гради монументални воени споменици за
2001 година без да одговара за воените злосторства сторени во конфликтот.
Таа прави паралела меѓу луѓето што влегоа во парламентот на 27 април и станаа осудени теорристи и луѓето што како терористи влегоа во Собранието и станаа политичари.
,,Едните, оти влегле во собрание,
се судени за терористичко загрозување и осудени на страшни, драконски казни.
Другите масакрирале, дигале во воздух,
палеле (па и живи луѓе), киднапирале, малтретирале, убивале демек во името на човекови права.
Е, после влегле во собрание.
Никому ништо.
Никој никогаш не ги судел.
Денес и огромен споменик подигнаа за декларирана терористичка и сепаратистичка организација, со огромно знаме од друга држава, незаконски.
Сите спомен плочи за бранителите на Македонија се редовно вандализирани, а шеснаесеткракото сонце се шмиргла.
Македонија е вандализирана. Расчеречена.
Однатре и однадвор. Со децении.
Од наши и ваши.
Ова е само мала забелешка, да ми пројде маката, малку од малку…”, пишува Андовска.






