Андовска до Фон дер Лајен: Сите идентитети се уникатни. Нашиот е македонски

Деканката на Факултетот за музичка уметност од Скопје, Дарија Андовска, ѝ реплицира на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, околу уникатноста на македонскиот идентитет.



„Сите идентитети се уникатни. Нашиот е македонски“, ѝ одговори на Фејсбук професорката на Фон дер Лајен, која по средбата со претседателот Стево Пендаровски објави на Твитер: „Мило ми е што ја започнувам мојата посета на Западен Балкан во Скопје! Како што напредувате во реформите, го трасирате својот пат кон ЕУ. Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот единствен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик“.