Авторот на книгата „До атентатот и по него“, која вчера беше забранета од Судот по тужбата на професорот Љубомир Фрчковски, за „Дојче веле“ негира дека го претставил Фрчкоски како убиец.
„Нема врска. Си умислува. Фрчкоски е претставен токму таков каков што бил – неуспешен министер за внатрешни работи, кој не спречи да се случи атентат врз претседателот Глигоров, кој не ја заврши истрагата и за тоа требаше да поносе одговорност. Вистинска истрага всушност и немаше, а 23 дена никаде го немаше и Фрчкоски. Тој се криеше.
И сега изјавува дека јас сум ‘одлепил’. Па, се тужи ли ‘одлепен’ човек?“, иронично прашува Андов.
Извор: Дојче веле





