Андов го викал Фрчкоски на ТВ дуел, тој одбил

Во врска со тврдењата во книгата „До атентатот и по него“ која вчера беше забранета на барање од Љубомир Фрчкоски, Стојан Андов вели дека му предлагал ТВ дуел, но тој одбил.



„ Прво добив писмо дека ако јавно не му се извинам ќе ме тужи. Му реков дека нема да му се извинам, и му предложив да имаме ТВ дуел за да видиме дали има основа за тужба. Тој тоа го одби. Според она што го зборува, тој не ја прочитал книгата. Тој треба да ја прочита книгата“, изјави верва Стојан Андов во емисијата Само вистина на Канал 5.