Стојан Андов вели дека не му е јасна квалификацијата на судот за забрана на продажба и располагање на неговата книга „До атентатот и по него“,
,,Дали тоа значи дека сега привремено ќе им ги земат книгите од дома на тие што ги имаат, за да не располагаат со нив, за да потоа ако изгуби Фрчковски на судот,ќе им ги враќаат ли тие на кои што ќе им ги земат?“
Основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка, забрана на продажба и располагање на книгата по тужбата на Љубомир Фрчкоски за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.
Во изјава за Канал 77, Андов вели дека е изнанаден но и разочаран од ваквата одлука на судот.
,,Мислам дека самата појава во едно општество да се забранува книги и тоа вакви книга кои се со определена тематика и се разјаснуваат некои битни настани од судбината на луѓето, немало никаде и не верувам дека некогаш ќе има. Ова е некој исклучок, преседан кој загрижува и може да нанесе штета а не корист“,вели Андов.
Тој верува дека на судското рочиште по тужбата со Фрчковски на 27 мај ќе се расчистуваат спорните моменти
,,Ќе се расчисти што тој прочитал, како прочитал,каде препознал клевета или што не е клевета.Ќе му објасниме“,додава Андов.





