Андов бара од Џафери да го прекрши уставот

Поранешниот Претседател на Собранието, Стојан Андов во интервју за Алсат М рече дека договорот со Грција околу спорот со името може да се објави во Службен весник и без потпис на Претседателот Ѓорѓе Иванов.



Според него, Талат Џафери треба да побара мислење од владата, и да очекува одговор од Илинденска 2, дека договорот со Грција мора да стапи на сила.

Потоа Собранието на база на одговорот од владата треба да донесе заклучок со кој ќе го задолжи спикерот Џафери да се потпише и на местото на шефот на државата.