Балансерот за вработување по етничка припадност, треба да биде минато, истакна дополнителен заменик на министерот во Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски во емисијата „За или Против” на телевизија Алфа.
Андоновски се осврна на напливот на вештачки вработувања во сите министерства и институции, каде се вработуваат етнички Албанци во средини како Берово, Пехчево или Ново Село, а голем број лица се пријавуваат со најразлична етничка припадност, само за да бидат примени.
Балансерот треба да биде минато во Македонија. Времето на балансирање на кадрите по етнички клуч, за некој прво да биде Македонец, Албанец или Турчин, па потоа професионалец, мора да заврши – истакна Андоновски.
Според Андоновски, со балансирање по етничка припадност заради вработување, Македонија ги избрка најквалитетните кадри од државата.






