Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски ги коментираше потезите на неговата партија за интерпелација на Владата, пишува „Слободен печат“.
-За очекување беше дека оставката ќе се реализира и материјализира уште следниот ден по најавата на оставката за може да се започне процедура за консолидирање на влада во каков било облик. Мислам дека не е здраво со денови да нема коментар. Јас лично немам верба дека ќе ја поднесе оставката до 14.30 часот, затоа и собравме потписи за интерпелација, ијзави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска за Утрински брифинг.
-Владата падна кога беше најавена оставна на премиерот. Не можете потоа да речете се занесов, не планирам да направам такво нешто. Владата го изгуби легитимитетот со локалните избори оти не освои ниеден град, вели Андоновски.






