Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот

Скандалозно е тоа што се проектирале и се започнало со изградба на мостови без да се решат клучните прашања кои што се однесуваат на експропријација и имот на приватни земјишта. Па овие мостови сега завршуваат во нечии приватни двор и приватни куќи без да има решение инфраструктурно за овие проблеми, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашања за обвинувањата на СДСМ.



За БРТ, како што го нарече Андоновски проект без проект, посочи дека станува збор за мегаломански проект кој е недоволно испланиран, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таков начин ан раководење со градот.

– Што се однесува до БРТ се покажа дека проектот е без проект односно не се предвидени уште од најверојатно дупло повеќе трошоци кои што би ги имал градот при изградба на ваков проект, затоа што не е продевидено како ќе се изгради мостот од Карпош кон Влае, не е предвидено како ќе се реши водоснабдувањето на Скопје. Не се предвидени како ќе се срушат овие паркови кои што постојат веќе во Градот Скопје и како ќе се предвидат нови сообраќајни решенија кои што ќе одат кон БРТ. Овие проекти се мегаломански, недоволно исланирани, а за нив веќе се земени кредити. Ние таквиот начин на раководење со градот нема да го дозволиме во иднина, вели Андоновски.