Скопската градоначалничка Данела Арсовска ставила блиндирани врати и камери во нејзиниот кабинет, вели советникот во градкиот совет од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.
-Арсовска последните неколку недели ставила блиндирани врати на кабинетот, поставувала камери низ општината и ги малтретирала вработените да се најавуваат на секое влегување – рече Андоновски вечерва во гостувањето на Сител.
Тој претходно, на прес-конференција, рече дека Арсовска во Градот неформално била позната по реченицата „од утре да го нема“.
„Арсовска неформално позната по реченицата “од утре да го нема“ нареди да ги нема 100 вработени во ЈП Водовод и Канализација, оставајќи без работа и без егзистенција. Можеби нервозата на градоначалничката е резултат на извештајот на ЕИБ, кој ги негира нејзините обвинувања и потврдува дека тендерската постапка за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е водена правилно. Но нејзините лични чувства не смеат да бидат причина да им се осветува на вработените во јавното претпријатие“, рече Андоновски.





