АНБ тврди дека се е чисто во случајот “Службена белешка” за Камчев но не дава никакви аргументи

Случајот со службената белешка за бизнисменот Јордан Камчев која крена голема прашина во јавноста е чист и постапено е согласно овластувањата на Агенцијата за национална безбедност, ова го тврдат од Агенцијата за национална безбедност и продолжуваат заедно со судот и обвинителството да дадат одговори на низа прашања за случајот за кој го создаде АНБ а за тоа нема никаква надлежност.



„Се е документирано“, велат од АНБ и појаснуваат дека целосната документација за случајот веќе била презентирана и пред собраниската комисија, која немала никакви забелешки.
Извори од Агенцијата информираат дека во меѓувреме се гонат „лицата“ кои биле инволвирани во објавувањето на документот кој се смета за класифициран”, јавува Дојче Веле.

Информацијата која ја подготви АНБ за опасноста од бегство на Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацови на Водно“, доведе до негово апсење и одредување мерка притвор каде е од 14 март годинава. „Службената белешка“ или информацијата како што ја нарекуваат во АНБ, протече во јавноста и беше објавена на социјалните мрежи.

Одбраната на Камчев смета дека белешката е незаконска, затоа што АНБ немала надлежност да го следи бизнисменот кој не бил закана за националната безбедност.

Но, од АНБ објаснуваат дека се што правеле во случајот е документирано и законски, и не откриваат никакви детали зошто го следеле Камчев и зошто помислиле дека Камчев сака да бега.

Случајот со издавање на службена белешка за апсење на бизнисмен од агенција која се занимава со национална безбедност според многумина е дефиниција за ситуацијата која Прибе ја нарекува “Заробена држава”.