Амбасадорот на САД во Грција Џефри Пјат го осуди нападот на членовите на анархистичката група Рубукон на просториите на американската амбасада, опишувајќи го како глупав и бесмислен вандализам.



„Сакам да го осудам глупавиот и бесмислен вандализам ова утро врз Американската амбасада”, напиша тој на Твитер и изрази благодарност до грчката полиција за „брзата акција“.

Властите уапсија осум лица во врска со нападот что се случи утрово пред зори, во кој учествуваа група луѓе кои фрлаа црвена боја на влезот и на паркингот на амбасадата.