Анализа: Зошто министерката за правда не е предлагач на уставните промени?

Првиот човек на Министерстовото за правда за прв пат во кратката историја на македонските уставни промени од независноста не е дел од процедурата за измени на највисокиот правен акт во државата.



Министерката за правда во моментов, Рената Дескоска, е првата која што направи преседан и не е меѓу предлагачите на уставните измени кои што завчера ги предложи владата а веќе влегоа во собраниска процедура.

Наместо неа на предлогот се потпишани премиерот Заев, вицепремиерот Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Иако секогаш предходно министерот за правда бил тој кој што бил меѓу формалните предлагачи на уставните измени сега за прв пат министерот кој што е одговорен за правдата во Македонија или неговиот заменик кој што е на ист ранг како и министерот не е дел од иницијаторите во владата за промена на уставот.

Министрите за правда биле владини предлагачи при уставни измени и во 1995 година кога се менуваше уставот и беа променети ченовите со кои ги задоволивме барањата на Грција за знамето и за членот 49, и во 2001 година кога во уставот беше вграден Охридскиот рамковен договор.

Практиката вели дека секогаш на владиниот предлог за промена на уставот се потпишувал првиот човек во министерството за правда.

Во двата наврата за разлика од сега тогашните министри Владо Поповски и Иџет Мемети беа предлагачи на уставните измени.

Дури и за законот за јазици кој што лани можеше формално да го предложи министерството за култура или за спроведување на Охридскиот договор на предлогот од владата е потпишан од тогашниот министер Биљал Салии, и неговиот заменик и еден државен советник во правда.

Дилемите зошто министерката Дескоска не се потпишала како предлагач се уште поголеми ако се знае дека таа е меѓу ретките македонски министри кои што се врвни експерти за политички систем и уставно право.

Ниту Владо Поповски ниту Иџет Мехмети во предходните две промени на уставот не биле познавачи на уставната материја како што е тоа Рената Десковска и затоа јавноста е збунета и во дилема дали се работи за нејзино лично противење на уставните измени или во прашање е нешто друго.

Една од причините кои што ги споменува експертската јавност како можност е дека доколку Дескоска беше предлагач на законот во име на владата ќе мораше во Собранието да ги брани истите.

Десковска која важи за принципиелен политичар и врвен научник е свесна дека одбрана на ваквите уставни промени ќе биде црна дамка на нејината кариера како професор и научник и затоа веројанто инситирала да не биде формален предлагач и бранител на уставните промени.

Наместо неа уставните измени во Собранието ќе ги бранат премиерот Заев кој што е економист, вицепремиерот Османи кој што е лекар и министерот за надворешни работи Димитров кој што не е експерт за уставно право.

Со изоставањето на Десковска од дебатата во Собранието и таа лично но и владата најверојатно се надеваат дека ќе избегнат правна и ќе наметнат исклучиво политичка расправа во која ќе се говори за историскиот миг, за НАТО и ЕУ , за интеграции и подобар живот а никој нема да говори со јазикот на правото, меѓународните норми и домашните уставни и законски принципи.

Во одсуство на официјална реакција на Дескоска јавноста шпекулира и со нејиниот личен став за преспанскиот договор и со ставовите на нејзиниот сопруг професорот Тони Десковски кој јавно изјави дека поради пропаднатиот референдум владата не треба да започнува уставни измени.

Aнализа: ekspres.mk