По информацијата дека пратеникот Павле Богоевски во полиција признал дека во такси возило нарачувал недозволени супстанци и дека наместо да го гони него Обвинителството ќе го истражува наводниот таксист, веднаш проработе хуманоста и чувството за правда кај граѓаните.
Тие не веруваат во оваа приказна во која единствен виновник е наводен таксист што ја лиферуваат дел од медиумите.
Дел од јавноста се сомнева дека Богоевски воопшто не е снимен од таксист туку дека тој сака со поддршка на власта топката за неговото незаконско поведение да ја префрли на непостоечки таксист за да се замајува јавноста.
Како аргумент за ова тврдење се дава квалитетот на снимката на која пречисто и со висок квалитет е снимена нарачката на забранета супстанца од страна на пратеникот Богоевски.
Дел од граѓаните тврдат дека целта на власта и Богоевски во вакво сценарио е да се прикаже дека снимката на пратеникот на СДСМ не доаѓа од “бомбите” на Заев за кои тој тврди дека се под контрола на СЈО и да ја релативизира одговорноста на премиерот за снимките кои што најверојтно се од арсеналот кој тој го користеше за да дојде на власт.
Друг дел од јавноста се плаши дека власта со цел да ги дефокусира граѓаните може да “врами” некој невин таксист со цел истрагата да отиде во друг правец и случајот да се забошоти.
Во третото сценарио кое е присутно на социјалните мрежи не се исклучува дека некој таксист навистина го снимал Богоевски како нарачува психотропни супстанци но во ова сценарио тој се поистоветува со хероите на Шарената револуција кои како оперативци на УБК илегално снимале разговори но се претворија во “свиркачи” кои беа општествено корисни затоа што објавија криминал на власта.
По истиот принцип и сега јавноста очекува наместо да се гони, наводниот таксист да биде награден затоа што открил криминално поведение на функционер на оваа власт.
Кое сценарио и да е точно дел од активистите на Твитер веќе му понудија работа на таксистот кој според провладините портали ќе биде гонет од Јавното обвинителство.
Медиумите под контрола на владата засега пишуваат само за вината на наводниот таксист но молчат за вината на пратеникот Богоевски кој со своето поведение и јавно признание прекрши низа законски и етички норми за што засега никој во власта или обвинителството не го повикува на одговорност.
Во случај таксистот да остане без работа и парче леб поради неговото херојско дело нека ме исконтактира некој што го знае лично,има од мене работно место во доста стабилна фирма. Таквите како него го менуваат светот на подобро,наше е да ги препознаеме и заштитиме.🍺👊
— Капетански Дневник☠ (@BlackTaurus7) May 15, 2019





