Анализа: СДСМ ги губи Албанците, ДУИ се враќа на старите позиции

Анализата на последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка покажува дека граѓаните Албанци се помалку му веруваат на СДСМ и затоа помалку ќе гласаат за оваа партија ако утре има парламентарни избори.



Според анкетата направена од 24 јули до 1 август годинава 8 % од граѓаните Албанците би гласале за СДСМ, 6,9 % од вкупното население би гласале за ДУИ, 2,7 за Алијансата за Албанците и 1,7 за БЕСА.

Според експерти за анкети во апсолутни бројки 8 % од Албанските гласачи во земјава се максимални 20 илјади што значи дека за најмалку половина се намалува бројот на албански гласови дадени за СДСМ.

Анализата ја користи бројката од 1 милион и 400 илјади луѓе како реален број гласачи што живеат во земјава затоа што според сите сознанија окому 400 илајди граѓани живеат во странство.

Партиите на Албанците во Македонија на последните неколку изборни циклуси добиваат околу 200 илјади гласови а анализите покажуваа дека СДСМ на последните парламентарни и локални избори добиваше околу 40 илјади гласови од Албанците.

Застапеноста на Албанците во анкетата на МЦМС е 22 %.

За разлика од СДСМ која ја губи поддршката од Албанците ДУИ ја враќа довербата од своите традиционални гласачи.

Нивните 6,9 проценти од анкетата на МЦМС во апсолутни бројки се над 125 илјади гласови што значи дека најголем број од разочараните Албанци од СДСМ се враќаат во ДУИ која на последните изборни циклуси добиваше околу 100 илјади гласови.

Разочарувањето на Албанците од СДСМ пред се се должи на малкуте проекти кои што се спроведени во регионите каде што живеат етнички Албанци но пред се на низата корупциски скандали во кои високи претставници на СДСМ добиваа високи суми од владата. Голем дел од нив беа разочарани и од тоа што по неколку годишните критики на СДСМ за криминалот и корупцијата на ДУИ, Заев на локалните избори влезе во локална коалиција со партијата на Ахмети.

Албанците сметаат дека поддршката на СДСМ за законот за јазиците со кој албанскиот јазик станува втор официјален во земјата е добар потег но тоа не е доволно за задржување на поддршката што тие ја даваа на Заев и СДСМ на последните локални и парланентарни избори.