За да се види објективно како македонските граѓани, интелектуалци и политичари го доживуваат финалето на промената на името во Северна треба да се види кој и како реагираше на постот со кој премиерот Заев го поздрави гласањето во грчкиот парламент и прогласи голема победа за “нашите народи” затоа што Македонија воопшто не ја спомна.
“Честито мој пријателе @tsipras_eu, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа”, порача Заев на Твитер.
Анализата на постот ќе покаже дека над 90 проценти од коментарите што може да ги прочитате подолу се полни со критики, клетви и закани а дека речиси 80 % од тие што ставиле лајк или ретвитале се странци или немакедонци.
Од ретките овдешни што ретвитале а кои не се директно потчинети на Заев како владини функционери можат да видат Саше Политико кој минатата недела беше уапсен за напад со нож врз сопругата, синот на Нано Ружин Алекс и шефот на НВО Цивил, Џабир Дерала.
Останатите главно се странци, Срби, Бугари, Албанци, Косовари, понекој Европеец и Американец и други. Практично луѓе кои немаат никаква емоција и поврзаност со Македонија и македонакиот идентитет.
Впрочем направете и своја анализа за тоа кој и како го поддржа премиерот при неговиот поздрав на едно вакво “историско прашање” или историска неправда за Македонците.


h




ttps://twitter.com/Zoran_Zaev/status/1088793308569194497?s=19




