Анализа: Македонските природни богатства гратис на „Бехтел и Енка“

Конзорциумот „Бехтел&Енка“ ќе експлоатира минерални суровини на македонската земја каде сака и ќе вади од неа што сака. А дозвола за тоа ќе добива во експресна процедура која трае 14 дена од денот на поднесување на барање. Дали е капитулација на државниот суверенитет тоа што го пропишуваат измените на Законот за минерални суровини? Зошто рок за доделување концесии стриктно се уредува во закон кој се носи во скратена постапка? И при тоа предлогот за измена на Законот за минерални суровини кои се најголемо државно богатство не го бараат стручните служби на надлежното министерство туку 11 пратеници на ДУИ… пишува Фактор.мк.



Ќе стане ли Законот за јавен интерес и номинирање стратешки партнер за коридорите 8 и 10 посилен од македонскиот Устав? Дали е можно конзорциум изведувачи поточно фирми за изградна на патишта да можат да добијат концесија за експлоатација на државно богатство – минерални суровини во експресен рок од 14 дена откако ќе го поднесат барањето? Кога се знае дека тие постапки согласно законите сега траат многу подолго и не мора да завршат позитивно туку барателите може да бидат одбиени, објавува Фактор.мк.

Линк до целата анализа.