Реалното зголемување на струјата ќе е најмалку 17,3%, тврди екс пратеникот Илија Димовски кој прави анализа на потрошувачката по секој час од неделата но и другите екстра трошоци што ќе мора да ги платата граѓаните и државата.
Главната причина за зголемувањето според него е преполовениот производство на струја откако на власт дојде СДСМ.
,,Од 168 часа неделно (по претпоставка дека еднакво трошиме струја во сите 168 часа):
– за 156 часа зголемувањето ќе е 9,48 %
– за 12 часа (досегашната евтина денска тарифа во 6 дена) зголемувањето ќе е 118,96 %
Вкупното покачување ќе 17,3 %…
П.С. Главна причина за покачување на струјата во Македонија е скоро преполовеното домашно производство на електрична енергија споредено со периодот пред доаѓање на оваа власт…
П.П.С. Реалната цена на струјата и вака нема целосно директно да ја доплаќаме со сметките. Индиректното доплаќање ќе го правиме со даночни пари собрани од граѓаните, а платени од Буџетот кои ќе изнесуваат најмалку уште дополнителни 100 милиони евра следната година, но ќе имаме помалку пари за нови патишта, болници, училишта…
П.П.С. Стапката на ДДВ за електрична енергија за 6 месеци од денес ќе се зголеми од 5% на 10%, со што дополнително ќе се зголемат сметките на граѓаните…”, пишува Димовски во својата анализа за која засега нема контраанализа од СДСМ и владата.





