(АНАЛИЗА) Американски анкетари откриваат драматичен пад на рејтингот на СДСМ

За само 10 месеци партијата на премиерот Заев доживува драматичен пад на својот рејтинг открива вкрстена анализа на резултатите на последната анкета на Националниот демократски институт (НДИ) од Вашингтон и анкетата што беше спроведена лани пред парламентарните избори.



Во најновата анкета на НДИ ВМРО-ДПМНЕ води пред ВМРО-ДПМНЕ со досега, откако Христијан Мицкоски е на лидерската позиција, најголеми 4 % разлика во рејтинг.

Но ако се анализираат двете анкети направени од американската организација ќе се види дека за 10 месеци падот на СДСМ зад ВМРО-ДПМНЕ е огромни 7 проценти.

Во јули 2020 година коалицијата предводена од СДСМ и БЕСА имаше предност од 3,6 % пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 Јули, покажа тогаш истражувањето на американскиот Национален демократски институт.

Според анкетата направена лани во јуни во просек 24,8 % од испитаниците кажале дека ќе ја подржат коалицијата „Можеме“, 21,2 % ќе гласаат за коалицијата „Обнова за Македонија“, ДУИ водела со 7,2% пред коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за која тогаш ќе гласале 5,7% додека 16,5% од луѓето кажале дека нема да гласаат, 9,5 одбиле да одговорат а 9% не знаеле за кого ќе гласаат.

Вкупно СДСМ од лани до април годинава кога е направена, завчера објавената анкета на НДИ, направила минус од 7,6 % зад ВМРО-ДПМНЕ но тука треба да се пресметаат цирка 0,5 рејтинг што го има партијата БЕСА а кој влегува во предноста што лани СДСМ ја имала на ниво на коалиции.

Без БЕСА СДСМ има негативен тренд од дури околу 7 % негативно салдо во однос на ВМРО-ДПМНЕ што е еден од најголемите падови на било која партија во Македонија за толку кратко време од 10 месеци.

Ако се има предвид дека од април годинава кога е направена анкетата на НДИ досега власта се соочи со неколку големи афери како недобивање на датум за преговори со ЕУ, огромната корупција, Пасоши за Мафија, Рекет во РЕК Битола или неспособноста да се справи со пожарите, за очекување е дека согласно трендот кој почнал минатата година до локалните избори во Октомври дополнително да се зголеми разликата во полза на ВМРО-ДПМНЕ.