Аналитичари откриваат како ќе замине ДУИ во опозиција после 20 години власт

Најавите на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе и се приклучи на албанската опозиција, која ги опфаќа речиси сите опозициски албански партии е шанса ДУИ по долги години да биде симната од власт, сметаат некои од аналитичарите – анализира ВОА на македонски јазик.



„Мислам дека ДУИ ќе се соочи со еден од најголемите предизвици во последните 20 години за претстојните парламентарни избори. Ова од причина, што како ретко досега од другата страна може да се случи да се формира еден унифициран фронт и сите незадоволни гласачи од владеењето на ДУИ. Дополнително спојувањето на партиите може да им помогне во математичка смисла во изборниот модел. Мислам дека за прв пат ќе имаме два блока кои ќе бидат со слична сила во собранието“, вели аналитичарот Петар Арсовски.

Аналитичарот Џелал Незири вели дека е рано да се каже, дали до тоа може да дојде, од причина што освен регрупирања во опозицискиот блок, регрупирања се случуваат и околу коалицијата предводена од ДУИ, кои ја сочинуваат партиите кои се дел од власта.

„Во конкретниот случај поделбата на Алијанса значи и поделба на партијата на два дела. Од кој едниот ќе биде, ако се случи, дел од Европскиот сојуз за промени, а другиот дел од Алијанса ќе оди најверојатно во коалиција со ДУИ и останатите политички партии кои партиципираат во власта. Тешко е да се каже кој блок на партии ќе освои најголем број на пратеници. До изборите ништо не е сигурно“, рече аналитичарот Џелал Незири.

Целата анализа на ВОА на следмиот линк:

https://mk.voanews.com/a/analitichari-prikluchuvanjeto-na-ali%D1%98ansa-za-albancite-kon-albanskata-opozici%D1%98a-e-shansa-dui-po-20-godini-da-bide-simnata-od-vlast/7471376.html