Новинарот и политички аналитичар Ивор Мицковски анализира дека луѓе блиски на СДСМ и ДУИ во медиумите и јавноста кои тој ги нарекува ,,Идиотски платеници” водат пропаганда во која сакаат да докажат дека нападот врз владината корупција за договорот со Бехтел и Енка е напад врз САД.
Мицковски вели дека овие луѓе се толку прости дека и медиуми блиски и спонзорирани од американската амбасада го напаѓаат договорот кој изобилува со индиции за корупција.
,,Идиотските платеници на власта почнуваат кампања дека некој спонзорирал хистерија против Бехтел и Енка, па дека тоа било антиамериканизам.
Толку сте прости што не гледате и дека еден кредибилен медиум спонзориран токму од САД највеќе пишува и откри детали за корупцијата и криминалот во надзорот на проектот.
Второ никој не збори за криминал во самата американска фирма, туку за криминалот на Груби и Ковачевски во надзорот, тајните и неуставни клаузули на договор и поданичкиот однос на една држава кон приватна фирма.
И преку таквото спонзорирани платеници веќе да обвинуваат други за своите гревови и нискости”, смета Мицковски.
Утрово покрај овие ,,идиотски платеници” како што ги нарекува Мицковски и прес службата на СДСМ се обиде да прикаже дека нападот врз корупцијата од договорот со Бехтел и Енка значи напад врз САД и американската амбасада во Скопје.
СДСМ со чудно соопштение ги инкриминира САД и Агелер во скандалот со Бехтел и Енка





