Нијази Мухамеди, политичкиот аналитичар, публицист, вели дека со Договорот Заев-Гаши со свое мислење за влегувањото на Аолтернатива ви Влада.



„Ова мнозинство, со начинот како се “формира” како на кванташки пазар за ајвар, со поединци “спасители” било Албанци, било Македонци, без легитмитет кого претставуваат, со сомнителни мотиви за “понудата на “спасителската улога” се гледа дека е за еднократна употреба до наредните избори на пролет, за да биде нивна владата што ќе ги организира и “ќе ги добие” изборите..!
Ова моментално новоформирано “парламентарно мнозинство” , како и досега, е сомнително мнозиство за општите интереси на сите граѓани во земјата ,значи, без оглед на етничката или партиската припадност, и од нив треба да биде непризнаена, недозволена, нелегитимна.

Но, за жал, македонската опозиција заедно со неколку “опозиционери ” албански многу го банализираа овој факт, бидејќи се фатија за политички неаргументирано “, легитимитетот добиен во локалните избори” да го употребат како моментум за делегитимирање, односно за падот на Владата.
А уште понечесно политички ова “мнозинство” ќе испадне при обидот “внатрешната длабока криза на СДСМ” да ја претставува, како и многу пати досега, како “криза на државата и демократијата” од други фактори- измислените”непрогресивни” “Албанци,Македонци..итн,итн и со помош на “прогресивните Албански коалициони партнери и поединци дојденци во “спасителното олигарско мнозинство” да ја добие и подршката од надворешните фактори…!, вели за Лидер, Нијази Мухамеди.