Ана, сопругата на бизнисменот Орце Камчев во денешното сведочење во предметот „Рекет“ , изјави дека била шокирака од блискоста на Бојан Јовановски и Катица јанева.
„Јовановски располагаше со информации. Точно знаеше кога ќе го однесат Орце во СЈО, кои сведоци ќе бидат повикани за „Империја“, разговори од прислушуваните материјали. Тој ја пушташе на спикерфон Јанева која даваше насоки. На првата средба Боки не побара пари“, рече Камчева.
После вториот состанок, Боки ми побара 500.000 евра, рече Камчева.
„Зборуваше на спикерфон со Јанева, која даваше инструкции на одбраната кој адвокат да дојде во СЈО“, рече Камчева, пренесува „Фокус.





