Ана и Игор Дурловски отвораат академија за вокална уметност

По 20 години светска кариера, оперските пејачи Ана и Игор Дурловски ќе го пренесуваат своето музичко знаење во сопствената Академија за вокална уметност што ќе почне со работа на 1 октомври.



„Во секоја етапа од мојот живот постоеле личности кои го препознавале мојот талент, ме надградувале и насочувале кон вистинскиот пат до успешна кариера.
Заедно со мојата сопруга Ана Дурловски а
по дваесет години меѓународна кариера наш е редот да го пренесеме тоа што сме го научиле“, објави Игор Дурловски на Фејсбук.

Академијата е сместена на вториот кат од Ристиќева палата на плоштадот „Македонија“ во Скопје.