Иако соочена со семејна драма во која нејзиниот сопруг е жртва на политички реваншизам и колатерална штета на меѓупартиски пресметки, македонската оперска певица Ана Дурловски добива врвни оценки од пребирливата австриска критика.
„Одлични критики за Ана во германскиот/австрискиот печат, #Норина #Пасквале
#Гордост“, пренесува нејзиниот сопруг Игор, кој пред само неколку дена беше формално обвинет за тероризам.
„Македонката Ана Дурловски брилјира не само во комичните моменти со актерско мајсторство, со нејзиниот полн со живот сопран без никаков напор создава разни женски ликови“
#SWR
„Фантастичната пејачка-актерка Ана Дурловски како и секогаш носи максимална живост и автентичност“
#FrankfurterRundschau
“Македонскиот сопран Ана Дурловски е доминантна Норина со светски глас и исклучителна актерка, миленичка не само на Штутгарт“ Ioan Holender
#KronenZeitung
„Aна Дурловски е толку прекрасно комична што дел од публиката не може да се совземе од смеење“.
#DieWelt
„Ана Дурловски е чудо од колоратура со голема артистичка моќ“.
#StuttgarterNachrichten
„Aна Дурловски и нејзините варијации во кантилената одново повторувајќи и градејќи ги ѕвонливите висини. Со нејзината уметност на пеење (кога таа ќе посака) прави огномет во студени бои“.
#merkur
„Ана Дурловски е грандиозен пејач-актер, нејзината уметност на заведување ја преточува во брилијантни колоратури и хумор, наеднаш пред нас стои комплетниот лик“
#Bachtrack
„Балканската хероината уште еднаш ја покажа нејзината неприкосновена гласовна и актерска подвижност“, пишуваат вообичаено критизерските австриски критичари за одличните изведби на Дурловски, која заедно со својот сопруг, исто така врвен оперски ас, кој соработувал со врвни оперски ансамбли, го минува најтешкиот дел од животот.





