Ана Данева до Заев: „Следно што е? Дека партизаните не окупирале?

Професорката Ана Павловска Данева на Фејсбук ги искоментира најавите дека во учебниците ќе има промени, и ќе се отстрани „бугарски“ пред фашистички окупатор, како што вчера најави премиерот Зоран Заев. 



Премиерот вели дека не смееме цели нации да обвиниме за фашизам, како повлекување од пред уште еден услов кој го поставува Софија..

„Следно што е? Дека партизаните не окупирале, а Бугарите не ослободиле?“, пишува Павловска Данева.