Ана Данева: Честитки за Бугарија, бугарски универзитет отвора филијала во Македонија

Поранешната потпретседателка на СДСМ и професор Ана Павловска Данева со остра критика до министерката за образование Мила Царовска по информацијата дека Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Македонија.



-Со Велико Трново во науката – напред!
Ова е веќе сериозен напредок во подигањето на квалитетот на високото образование и наука во Македонија, пишуваа таа на Фејсбук, споделувајќи ја објавата со наслов „ЧЕСТИТО НА БУГАРИЈА“: ВЛАДАТА ОДОБРИ
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛИКО ТРНОВО ДА ОТВОРИ ФИЛИЈАЛА ВО МАКЕДОНИЈА.

Ваквата одлука на Владата пред неколку дена, на бугарското Национално радио, ја најави ректорот на Великотрновскиот универзитет – проф. Христо Бонџолов, кој изјави дека имал телефонски разговор со премиерот Зоран Заев во кој му била потврдена информацијата.