Премиерката на Србијаа Ана Брнабиќ денеска ќе престојува во посета на Македонија.
Предвидена е средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025“.
Теми на средбата се натамошниот развој на пријателските односи, договор за третата заедничка сесија, иницијативата Отворен Балкан, билатералната соработка, трговската размена меѓу двете земји и проектот за железница Будимпешта-Белград-Скопје.
Ова е прва билатерална средба на Брнабиќ со новиот премиер на Македонија.
Поради посетата на премиерката Брнабиќ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Скопје. Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициски службеници.






