Со уредба на српската влада, вилата во Белград каде со децении живееше вдовицата на Јосип Броз, Јованка, е внесена во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија.



Одлуката е објавена во службен весник и ја потпишала лично премиерката Ана Брнабиќ, која, како што пишуваат српски медиуми – ќе живее во неа.

Не се знае кога Брнабиќ ќе се всели во дражавната вила помалку позната по името „Бор“ а повеќе по Титовата вдовица, но како што неодамна се увериле репортери на Нова.рс, објектот е целосно спремен за српската премиерка и нејзиното семејство.

„Вилата на Јованка“ е реновирана за првпат по речиси шест децении.