Ѓубрето, или како што велат сметот, нема нација. Ѓубрето не може да биде српско или хрватско. Ѓубрето е едноставно ѓубре и ѓубре.
Гледам дека го имаме во еднакви количини и во Србија и во Хрватска“.
Градоначалникот на Пула забранил турбофолк – не сакал „српско ѓубре“ во неговиот град
Вака на социјалните мрежи ртеагираше српоската фолкерка Ана Бекута откако градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ го забрани концертот на кој на 25 март требаше да настапат српските пејачи Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.
Градоначалникот, наводно, српските пејачи ги нарекол „српско ѓубре“.
Во реакцијата Бекута вели:
„Во последните 40 години најмалку десет пати летував во Истра. Затоа што како што велат моите пријатели, имам вкус. За мене Истра е еден од најубавите региони на нашата поранешна држава. Храната е фантастична, пејзажот е прекрасен, сите мои домаќини беа неверојатни и ме третираа како кралица.
Така, забележав, се однесуваат кон секој свој гостин. Од каде и да дојде“, започна Бекута на Инстаграм, а патем го најави концертот во Осиек.
Таа упати и совет:
„Ако не ви се допаѓа програмата, сменете ја. Ако не ви се допаѓа кафулето, сменете го. Ако не ви се допаѓа концертот, не купувајте билет. Многу е едноставно“.







