Ана Брнабиќ објави видео-монтажа на Вучиќ во народна носија!?

 

Шефицата на српскиот парламент, Ана Брнабиќ на својот официјален профил на Инстаграм објави монтажа на која е прикажан српскиот претседател Александар Вучиќ во народна носија.



Објавата дојде по генералниот штрајк што се одржа во Србија.

Во позадина на видеото се слушаат звуците на истрели и песната „Тамо далеко“.

Видеото ги истакнува економски успеси на Србија, намалувањето на јавниот долг во споредба со претходната влада, намалената стапка на невработеност и зголемувањето на пензиите и платите.

„Тоа е малку клише, но всушност е вистина“, напиша Брнабиќ.