Од 16 часот денеска во прекин е патниот правец Кочани-Виница-Берово, објави Авто мото сојузот на Македонија.



Прекинот е поради намалена видливост на патот предизвикан од чадот од пожарите кои беснеат во овој регион.

„Од 17:45 часот во прекин е и патниот правец Велес-Штип кај Градска депонија поради намалена видливост од пожар.“, соопштија од АМСМ.