Амнестирани илјада лица кои ги прекршиле ковид-протоколите

Пратениците денеска со 76 гласа “за” и ниеден „воздржан“го донесоа редлог-Законот за амнестија на граѓани кои беа санкционирани поради прекршување на протоколите што беа воведени со вонредната состојба за време на пандемијата со коронавирус прогласена на 18 март 2020 година.



Единствена против гласала пратеничката и претседателка на партијата ДОМ, Маја Морачанин.

На осудените на парични казни до и над 1.000 евра, како и оние кои поради неможност да ја платат или не ја платиле во целост таа им била заменета со казна затвор.

Со донесениот Закон за амнестија казните, и паричните и затворските, им се заменуваат со алтернативна мерка условна осуда доколку во наредните две, односно три годни не сторат друго кривично дело.

Од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година, се наведува, во Основниот кривичен суд Скопје од страна на Основното јавно обвинителство Скопје поднесени се 967 казнени налози за член 206 од Кривичниот законик.

По овие казнени налози судот донел пресуда, со кои се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари.

„Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено 280 заменски решенија, со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор“, се наведува во образложението на предлог-Законот.

Според усвоениот Закон, амнестија не е предвидена за правните лица, односно фирмите и за одговорните лица во правните лица кои се санционирани поради непочитување на протоколите за време на пандемијата и кршење на двете одредби од Кривичниот законик.