Американските федерални власти размислуваат да доделат по 3.000 долари на секое четиричлено семејство, и неповратни заеми за малиот бизнис во тек на две недели како мерки за поддршка на економијата во екот на епидемија на коронавирусот во САД.
Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии.
Вкупната помош за економијата на САД ќе изнесува 4.000 милијарди долари, сума без преседан што досега никогаш не била исплатена за време на криза.





