„Индипенден“ објави снимка од анкета на американски граѓани на Тајмс Сквер во Њујор, а прашењето беше каде се наоѓа Иран, земјата за која се стравуваше дека ќе стапи во војна со САД.



Од скоро десетина луѓе само еден правилно ја идентификуваше локацијата на Иран.

Повеќето од анкетираните покажуваа на област во близина на Иран: Авганистан, Туркменистан, Саудиска Арабија. Една жена ја посочи Србија како локација на Иран, а маж брзо посочи кон Франција пред да замине.

Имаше и одговори дека Иран е во Африка.

https://www.facebook.com/TheIndependentOnline/videos/4065006526858488/