Нова американска помош за Украина и Израел очекувано беше блокирана во Сенатот на САД вчера, пренесува Ројтерс.
Износот од 110,5 милијарди долари не ги доби потребните 60 гласови во 100-члениот Сенат за да се расчисти патот за дебата за законот.
Гласањето беше по партиска линија, при што секој републиканците гласаа против, заедно со сенаторот Берни Сандерс, кој е независен. Тој обично гласа со демократите, но изрази загриженост за финансирањето на „сегашната нехумана воена стратегија“ на Израел против Палестинците.
„Денешното гласање е она што е потребно за лидерот на демократите да признае дека републиканците во Сенатот претставуваат она што го кажуваме… “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.
Американскиот претседател Џо Бајден во средата го повика Конгресот итно да го одобри закочениот пакет помош за Украина. Неговото барање дојде неколку часа пред да биде закажано клучното процедурално гласање во Сенатот.
„Конгресот мора да ги поддржи потребите за национална безбедност на САД. Искрено, и на нашите партнери“, рече тој од Белата куќа.
Тој инсистираше на тоа дека мора да дејствува пред (боѓикниот)одмор.
Републиканците во Конгресот се подготвени да му го дадат на рускиот претседател Владимир Путин најголемиот подарок на кој може да се надева и да го напуштат нашето глобално лидерство, не само Украина, рече тој. Не можеме да дозволиме Путин да победи“, рече тој.





