Американскиот државен секретар убеден дека Украина може да ја победи Русија

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во интервју за Би-би-си изјави дека е убеден оти Украина со текот на времето може да ја добие војната против Русија.



Блинкен рече дека не може да каже колку долго ќе трае војната, но потенцираше дека поразот на Украина не е неизбежен.

Според Блинкен, тежината на руската војска ја надминува онаа на украинската, но тој од му оддава почит на украинскиот народ за решителноста поради што очекува дека со текот на времето ќе стане јасно дека Москва не може да го потчини овој народ.

„Ако намерата на Москва е да се обиде да ја собори Владата и да инсталира свој марионетски режим, 45 милиони Украинци тоа ќе го отфрлат на еден или на друг начин“,
порачува Блинкен.

Државниот секретар ја изрази и загриженоста од ризикот за ескалација на судирот.

„Единственото нешто што може да е полошо од војната која е ограничена на Украина е тоа таа а ескалира уште повеќе и да оди подалеку“, рече Блинкен.

Во меѓувреме руските власти објавуваат дека руската војска напредува во повеќе украински зони на војната и дека се затвара обрачот околу повеќе украински градови меѓу кои и Киев.

Транскрипт од интервјуто со Блинкен на англиски јазик на овој ЛИНК