Два американски разорувачи се упатиле кон источниот дел на Средоземното Море, јавуваат американски медиуми, повикувајќи се на извори од Пентагон.
„САД веќе имаат еден ракетен разоруваќ во источниот дел на Средоземното Море – Доналд Кук, од каде ј може да учествува во удари против Сирија … Вториот – Портер”, може да дојде во регионот во рок од неколку дена“, оценува „Волстрит џорнал“.
Вчера „Вашингтон егзаминер“,повикувајќи се на извор од Пентагон, напиша дека разорувачот Доналд Кук, со 60 ракети „Томахавк“ го напуштил пристаништето во Кипар и се упатил кон Сирија.
Според турскиот „Хуриет“ над воениот брод најмалку четири пати се прелетале руски борбени авиони, но Пентагон ја негира оваа информација.
Трамп изјави дека ќе донесе„голема одлуки“ за Сирија во рок од 24 – 48 часа.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Русија и Иран дека го поддржуваат сирискиот претседател Башар Асад по информациите за напад со хемиско оружје во градот Дума кој е под контрола на бунтовниците.
Русија негира дека имало хемиски напад, рускиот претставник во ОН го предупреди Вашингтон на „негативните последици“ доколку ја нападне Сирија, а американската амбасадорка возврати дека рацете на Москва се извалкани „со крвта на сириски деца“.





