Американскиот сенатор Линдзи Греам, од Јужна Каролина и член на Републиканската партија, на Твитер повика рускиот претседател Владимир Путин да биде „елиминиран“.



„ Дали има Брут во Русија? Има ли некој полковник Штауфенберг во руската армија? Единствениот начин да заврши ова (војната во Украина) е некој во Русија да го елиминира тој човек. Ќе и направиш голема услуга на својата земја – и на светот“.

Во следниот пост тој продолжува: „Единствените луѓе кои можат да го поправат ова се рускиот народ. Лесно е да се каже, тешко е да се направи.

Освен ако не сакате да живеете во темнина до крајот на животот, да бидете изолирани од остатокот од светот во екстремна сиромаштија и да живеете во темнина, нешто мора да се направи“.