Истражувачкиот новинар, добитник на Пулицерова награда, Сејмур Херш, објави повикувајќи се на неидентификуван извор, дека нуркачи на американска морнарица ги уништиле нафтоводите „Северен тек“ со експлозив, по наредба на американскиот претседател Џо Бајден.
Ројтерс не можеше да го потврди тврдењето, а Белата куќа го отфрли.
Експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 се случија на 26 септември 2022 година.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека блогот на Херш заслужува поголемо внимание и дека е изненаден што западните медиуми не известуваат подетално за тоа. Песков рече дека тоа докажува дека треба да има меѓународна истрага за саботажата на тој гасовод.
Москва тврди дека Западот е одговорен за саботирање на Северен тек, но не презентира докази за тоа.
Истрагата спроведена од Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, покажа дека експлозиите биле резултат на саботажа, но не кажаа кој според нив е одговорен.







