Американски новинар починал за време на мечот Аргентина-Холандија

Истакнатиот американски новинар Грант Вал почина во Катар откако колабираше додека известуваше за Светското првенство.



Тој „колабираше“ за време на натпревар Аргентина-Холандија, јави Си-Ен-Ен.

Организаторите на Светското првенство во Катар во саботата изјавија дека на Вал „се почуствувал болен“ во просториите од каде известуваат новинарите, каде што добил „ведна медицинска помош на лице место“.

Околностите околу неговата смрт не се јасни.