Американскиот носач на авиони „Хари С. Труман“ предводи борбена група на воена вежба во Јадранското Море, пишува „Јутарњи лист“.
Командантот на бродот одби да шпекулира што ќе се случува по завршувањето на вежбите во наредните денови.
Присуството на носачот на авиони е силен симбол на американската воена моќ и силите на НАТО во регионот во контекст на растечките тензии поради акумулацијата на руските сили во близина на украинската граница, пишува весникот.
„Одлуката за тоа каде ќе биде распоредена американската борбена група се носи на ниво на министер за одбрана“, изјави американскиот контраадмирал Курт Реншо.
Тој изрази подготвеност морнарицата да дејствува секаде, како и да планира да дејствува онаму каде што е најпотребно.







