Американски НАТО стратешки бомбардери во близина на украинската граница

Твитер профил кој пренесува информации за руските операции поврзани со агресијата на Москва во Украина објавува дека американски авиони летаат во близина на територијата на Украина каде се водат воени операции.



Според профилот авионите на САД се наоѓаат на романска територија.

,,💥 🇺🇸 Пар стратешки бомбардери B-52 Stratofortress моментално оперираат во романскиот воздушен простор на самите граници на зоната НОТАМ над Украина”, објавува профил кој е руски или е дел од руската пропаганда за украинската криза.

Фотографиите од апликацијата за следење на летови над Европа Flightradar24 покажуваат дека авионите тргнале од авио базата на НАТО во Нирнберг, Германија.

Се работи за авиони кои важат за едни од најмоќните воени борбени летала.

Локацијата каде се движат авионите е многу блиску до градот Галац кој се наоѓа во близина на тромеѓето меѓу Романија, Украина и Молдавија.

Подрачјето на кое летале авионите на НАТО Е оддалечено на десетици километри од територијата на Украина која Русија ја пријавила како опасна во дел од системот за комуникација наречен НОТАМ со која државите најавуваат воздухопловни движења и состојби на меѓународните воздухопловни власти.

НОТАМ е известување кое содржи информации од суштинско значење за персоналот кој се занимава со операциите на летот, но не е доволно познат однапред за да биде објавен на други средства. Го наведува абнормалниот статус на компонентата на Националниот систем за воздушен простор (NAS).

Со други зборови не се работи за нормален статус на контрола на авиосообраќајот а во Украина причината е воената агресија на Русија.

Доатрелот на проектилите ,,воздух – воздух” од авионите кои ги поседуваат САД и Русија може да биде и до 200 километри.