Американски милијардер стана српски државјанин

Американскиот бизнисмен и милијардер Роналд Вејн Баркл (67) доби српско државјанство со одлука на владата во Белград.



Во декември минатата година, Србија отвори конзулат во Монтана, која покрај територијата на таа американска држава, ја опфаќа и територијата на државата Вашингтон, а Баркл беше именуван за почесен конзул.

Според Блумберг, во 2013 година, Баркл се рангирал на 201 место на списокот на „Форбс“ на најбогати Американци, a минатата година „тежел“ 2 милијарди долари.