Американски Ф-16 нападнаа две локации во Сирија

Рано утринава американската војска изврши воздушни напади на две локации во источна Сирија поврзани со Иранската револуционерна гарда, објави Пентагон, додавајќи дека нападите ги извршиле два борбени авиони Ф-16.



Нападите беа извршени како одговор на серијата напади со беспилотни летала и ракети врз американски бази и персонал во Ирак и Сирија од 17 октомври, јави Ројтерс.

„Овие удари ја одразуваат решеноста на американската влада да одржи рамнотежа и да ја одврати понатамошната агресија, која може да биде поттикната од конфликтот на Израел со Хамас“, коментира Пентагон.

Според Пентагон, од минатата недела имало најмалку 12 напади врз американски бази и персонал во Ирак и четири во Сирија.

Генералот на воздухопловните сили Пат Рајдер изјави дека 21 американски војник биле повредени во два од нападите.

Во изјавата, секретарот за одбрана Лојд Остин рече дека нападите биле одговор на серијата постојани и главно неуспешни напади од групите поддржани од Иран.
Бајден: САД нема да толерираат напади

Тој додаде дека претседателот Џо Бајден ги насочил овие напади за да стане јасно дека САД нема да толерираат такви напади и дека ќе се бранат себеси, својот персонал и своите интереси.