Американски доброволец во Украина: Не доаѓајте, Русите ги срамнија базите со земја (ВИДЕО)

Американец кој доброволно отишол да се бори на страната на Украина сними видео во кое предупредува доколку некој сака да отиде да се бори таму да го погледнет видеото пред да тргне.



Вели дека бил дел од група во која имало Британци, Американци, Канаѓани и ја раскажува голготата низ која поминал таму.

“За оние кои дури и од далечина размислуваат да одат во Украина за да волонтираат, погледнете го ова сра*е прво пред да го направите тоа. Ве молиме раширете го ова наоколу.” – стои во описот на видеото.

“Ни ги срамнија со земја базите. Ти даваат само 10 куршуми и не те пуштаат да си заминеш” – вели војникот.