Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер најавува видео во кое американски дипломати со македонски народни поговорки го честитаат денот на македонскиот јазик.
Дипломатите на САД пред да дојдат на мисија во Македонија го учат македонскиот јазик.
,,Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје?
По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги како и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор”, се вели во честитката од амбасада на САД.
Меѓу тие што честитаат е и помошникот заменик државен секретар на САД Габриел Ескобар кој својата честитка ја снимил на интернет.
Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје? По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги како и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. pic.twitter.com/5i7QPlvPFW
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) May 5, 2023






