Маж во САД е обвинет за убиство и други злосторства од омраза откако избодел момче (6) и жена (32) само затоа што биле од муслиманска вероисповед.
Извесен Џозеф Чуба (71) со нож нападнал две лица во Плејнфилд, Илиноис, при што убил малолетник и повредил една жена. Полицијата соопшти дека нападот бил поттикнат од тековниот конфликт меѓу Хамас и Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека му се гади од овој напад врз мајка и син, кои биле Палестинско-Американци.
„Ваков ужасен чин на омраза нема место во Америка. Тоа е спротивно на нашите основни вредности. Како Американци, ние мора да ја отфрлиме исламофобијата и сите форми на нетолеранција и омраза“, рече Бајден.
Чуба е обвинет за убиство од прв степен, обид за убиство од прв степен, злосторства од омраза и тежок напад.
Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале жена и момче со повеќе убодни рани во градниот кош, торзото и горните екстремитети. Двете жртви биле пренесени во болница, но момчето починало. Подоцна било утврдено дека детето било избодено 26 пати.
Мајката има сериозни повреди, но лекарите очекуваат таа да преживее, пишува Би-Би-Си.






